"Отворете ги прозорците" со задоволство ги претставува избраните најуспешни творби на конкурсот "Компјутерот – мојот прозорец кон светот" во двете конкуренции.
Изборот го направи тричлена жири-комисија.
Неколку фирми обезбедија награди за младите автори. Наградите за најуспешните творци ќе бидат доделени јавно.
Сите учесници на конкурсот ќе добијат благодарници.
Повеќе детали за изборот и наградите можете да прочитате тука.
"Отворете ги прозорците" се заблагодарува на сите што покажаа интерес за учество на конкурсот и им честита на сите учесници за вложениот труд и креативноста!







